Connect with us

Фудбал

Ја испиша историјата минатата сезона, тренерот ја одбива животната шанса да се пресели во Арсенал!

Арсенал сè уште бара тренер, и за многу имиња се шпекулира дека ќе го преземат кормилот. Најверојатната опција е Микел Артета, додека англиските медиуми неодамна открија нешто друго.

Нуно Еспирито Санто одби да се пресели кај „Топџиите“. Актуелниот тренер на „Волците“, кој ја испиша историјата на клубот минатата сезона, водејќи го својот тим за прв пат во историјата во Лига Европа, одби да го преземе Арсенал.

Ова би било одлична можност за португалскиот селектор, но очигледно тој претпочита да остане лојален на „Волците“. Веќе, нов тренер на Арсенал се очекува да биде Микел Артета.