Други спортови
„Ја лижнав жабата и таа ми рече да се вратам во рингот“ (ВИДЕО)
Легендарниот Мајк Тајсон имаше успешно враќање во рингот во 2020 година кога ремизираше со Рој Џонс Јуниор во егзибициски меч иако беше многу подобар ривал во рингот.
Тајсон покажа дека се уште е навистина жесток. Неговите удари се многу опасни, а Мајк уште еднаш во подкастот на Џо Роган откри дека психоделичните дроги биле причина за неговото враќање.
Го запали џоинтот во студиото на Џо Роган и ја започна приказната.
„Ја лижнав жабата и жабата ми рече: „Мораш да го направиш ова, мораш“, откри Тајсон со вџашено лице од Џо Роган кој праша: „Жабата ти кажа да се вратиш?
„Да. Таа ми рече дека морам да го сторам тоа и ослабев“.
Тајсон откри и дека наместо со Рој Џонс, требало да се бори со Боб Сап.
“Требаше да се борам со него наместо со Рој Џонс. Се вклучи Рој, некои други боксери, Евандер Холифилд, а потоа и ова дете Џејк Пол. Така започна неговата приказна”, тврди Тајсон.
Мајк се уште е на тренинзи. Се најавува можност за нова егзибициска борба и ќе видиме дали ќе се случи.
Како професионалец, Тајсон се пензионираше во 2005 година со пораз од Кевин Мекбрајд со 50 победи и шест порази.