Фудбал
Ја поддржува војната во Сирија, германскиот клуб го избрка турскиот фудбалер
Турскиот фудбалер кој насапува за екипата на Сент Пол, Ценк Сахин, скапо плати за неговата јавна поддршка на воената офанзива што Турција ја започна во Сирија.
Па така, поради ваквиот односот на играчот, германскиот клуб излезе со официјална изјава, преку која објави дека турскиот играч, Ценк Сахин не е дел од Сент Пол.
Коментарот и ставот на играчот не се во согласност со вредностите на клубот, и поради таквиот однос фудбалерот беше отстранет од тимот.
„Сахин повеќе нема да игра на Сент Пол. Играчот може да тренира и настапува за друг клуб, доколку си најде”, стоеше во официјалната изјава на клубот.