Connect with us

Фудбал

Ја пронашле мајката на судијата, па и го запалиле автомобилот, во оваа земја нема фудбал, ова е тероризам!

Фудбалскиот сојуз на Кипар ги одложи сите прволигашки натпревари поради бомбашкиот напад на судискиот автомобил! Судиите во таа земја штрајкуваа до понатамошно известување по „огнениот напад“ врз возилото на мајката на судијата. Оваа кампања на заплашување трае речиси една деценија“, пишува англиски „Гардијан“.

Кипарската фудбалска федерација затоа ја изрази својата целосна поддршка за судиите и најави дека нема да има натпревари во иднина. Судиите се обединија и бараат поголема безбедност за себе и за нивните семејства. Тамошните медиуми пишуваат дека автомобилот на мајката на Менелаос Антониу бил запален и дека тоа се случило во раните утрински часови во понеделникот. Од полицијата потврдија дека во тек е истрага за ова.