Фудбал
Ја раскинаа свршувачката бидејќи ја изневерил, но сега пак се заедно и сега чекаат бебе, Нејмар ќе стане татко (ВИДЕО)
Бразилскиот фудбалер Нејмар и инфлуенсерката Бруна Бјанкарди потврдија дека чекаат дете. Кон крајот на минатата година контроверзниот пар објави дека ја раскинува свршувачката, се шпекулираше дека Нејмар ја изневерил убавицата и дека таа му го вратила прстенот, но се чини дека после тоа повторно се „запалиле искрите“ и се помириле откако потврдиле со заедничка фотографија да чекаат принова во наредните месеци.
„Ние го сонуваме вашиот живот, го планираме вашето пристигнување и знаејќи дека сте тука за да ја завршите нашата љубов, ни ги прави деновите многу посреќни. Ќе пристигнете во прекрасно семејство, со брат, баба, тетки и чичковци кои веќе ве сакаат толку многу Ајде наскоро синко, со нетрпение те очекуваме“, објави Бразилецот со цитат од Библијата на Инстаграм.
