Други спортови
Ја раскопча кошулата и побара да му се потпише на градите, Ѓоковиќ со урнебесно прашање: Дали си сигурен дека го сакаш ова?! (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ стартуваше со победа на Завршниот Мастерс во Торино, откако успеа да го совлада Холгер Руне. Најдобриот светски тенисер славеше со 2:1 во сетови, обезбедувајќи го првото место на АТП листата до крајот на годината и истовремено влегувајќи во „клубот 40“.
Новак делеше автограми со многу трпение, но покрај тоа што имаше барања да се потпише на топки или некој друг сувенир, еден навивач отиде и чекор понатаму.
View this post on Instagram
– Можеш ли да се потпишеш на моите гради – го праша Ѓоковиќ, на што Новак одговори со „сигурен ли си“. Во моментот кога навивачот ја соблече кошулата, Новак сфати дека е сериозен и потпиша.