Connect with us

Фудбал

Јаја Туре се понудил да донесе 19 проститутки, па го „шутнале“ од составот за хуманитарен натпревар

Јаја Туре се уште е без клуб, иако се спомнуваа неколку егзотични држави и тимови. Сепак, во недела требаше да истрча на теренот во Англија, но на хуманитарен меч во организација на УНИЦЕФ. Тој требаше да биде во тимот на светот на овој натпревар, но Туре е исфрлен од тимот.

Имено, на собирот за овој дуел при средбата со неколку поранешни фудбалери,  негови познаници, Туре рекол дека може да донесе 19 проститутки во хотелската соба за да се забавуваат.

На некои тоа не им се допаднало, па понудата на Туре стигнала до организаторот на натпреварот. Фудбалерот е исфрлен од составот и нема да биде дел од овој хуманитарен меч. Секако, и тој се огласи со образложение дека сето ова било само шега.