Connect with us

Фудбал

Јане Николоски нов тренер на Победа

Легендарниот голман на македонската репрезентација Јане Николоски ќе треба да го „гаси пожарот“ во ФК Победа. Тој е назначен за нов тренер на тимот, кој сезоната во Втора лига не ја започна како што треба, па во моментов е на 11-то место.

Николоски ќе дебитира на клупата на прилепскиот тим на дуелот со Детонит во следното коло.

Инаку, Николоски е добро познато име во македонскиот фудбал. Освен што долго време беше репрезентативен голман, во својата кариера бранеше за Слога Југомагнат, Славија Софија, Напредок, Славен Белупо, АПОЕЛ, Пафос, Арис Лимасол, секако и Победа.