Поврзи се

Фудбал

Јаневски: Имавме шанса да го решиме дербито во наша корист

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, по натпреварот против Шкендија во Тетово им честиташе на своите фудбалери за играта и рече дека жали што не успеале да задржат предноста по првиот гол и да заминат дома со победа. Јаневски упати пофални зборови и на адреса на домаќините кои и покрај тешките услови успеаа да го организираат натпреварот.

– Морам да ги пофалам домаќините за добрата организација, во вакви услови за игра кога снежната покривка правеше проблем одигравме меч кој може да се нарече вистинско дерби. Се мина коректно и фер, со неколку исклучоци, кои беа во граница на дозволеното. И двата тима имаа добра игра, периоди во кои можеа да го отворат резултатот. Први поведовме и имавме одлична шанса со втор погодок да го решиме дербито во наша корист. Не го сторивме тоа и се повтори непишаното фудбалско правило, па примивме гол. Шкендија останува со осум бодови предност, но со ваква игра, залагање и борбеност ќе конкурираме за титулата докрај, наведе Јаневски.

Есенскиот лидер Шкендија и актуелниот првак Вардар одиграа нерешено во дербито на 19. коло. Шкендија по овој резултат останува лидер на табелата во осум бодови предност.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com