Connect with us

Фудбал

Јаневски: На „Аноета“ сме без бело знаме!

Фото: 24 фудбал

Чедомир Јаневски, шефот на стручниот штаб на Вардар на вечерашната прес-конференција со своите очекувања од утрешниот меч против Реал Сосиедад кој што ќе се игра на „Аноета“ во Сан Себастијан.

„Ни остануваат уште три натпревари во оваа групна фаза во Лига Европа и сакаме во овие три меча да се покажеме во подобро светло. Не чека тешко гостување, знаеме за каков тим се работи, но треба да гледаме како ние ќе играме на овој меч. Со добра организација и добра желба, може да дојдеме до еден добар и позитивен резултат. Во изминатите денови по првенствениот натпревар работевме, знаеме дека сме во криза, но овие натпревари ни даваат шанса да добиавме искуство и да се докажуваме на меѓународна сцена. Приоритет ни е домашното првенство, но тоа не значи дека ќе истрчаме на терен со бело знаме. Сакаме лошиот впечаток што го направивме дома со Сосиедад, кој за мене не го покажува вистинскиот квалитет, да го поправиме“, вели Јаневски.