Connect with us

Кошарка

Јанис на средба со сопствениците на Бакс, престанал да ги следи сите соиграчи на социјалните мрежи

Милвоки, 13 септември 2020 (МИА) – Јанис Адетокумбо, актуелниот МВП на НБА-лигата, во саботата се состана со сопствениците на Милвоки Бакс на разговори за иднината на тимот.

Грчкиот кошаркар е во лигата веќе седум години и досега не успеа да се пласира во големото финале.

Во претходните сезони, Бакс беа големи фаворити за пласман во финалето, но минатата година Торонто и Мајами ги запреа во таа намера.

Милвоки доминираше во двете лигашки години и во двете натпреварувачки години, но тие беа далеку од тој тим во плејофот.

loading...

Според Крис Хејнс од „Јаху Спортс“, Јанис се сретнал со Марк Лесри од сопственичката структура.

Грчкиот кошаркар престанал да ги следи сите соиграчи, како и тимот од социјалните мрежи, што апсолутно не мора да значи ништо, но доволно е луѓето да започнат да шпекулираат за евентуално напуштање на тимот.

Адетокумбо пред неколку дена рече дека не сака да го напушти Милвоки, а многумина овој состанок го протолкуваа како преговори во врска со неговото продолжување на договорот.

Јанис влегува во последната година од договорот, а оваа есен може да потпише петгодишен договор вреден 254 милиони долари.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com