Јапонија декласирана од Чиле (ВИДЕО)

Селекцијата на Чиле ја оствари најубедливата победа во првото коло од Копа Америка. Чилеанците, идентично како и Уругвај против Боливија, со 4:0 ја совладаа Јапонија која на натпреварувањето кое се одржува во Бразил дојде до подмладен состав.

Младите јапонци добро се држеа речиси во целото прво полувреме но потклекнаа на нападите на поквалитетниот тим во 41 минута кога Полга по асистенцијата на Арангиза го совлада јапонскиот голман.

slobodenpecat.mk