Connect with us

Други спортови

Јас сум вистински шампион мејмуне!

Рускиот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов со победата против Конор Мекгрегор ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ шампионатот. Дагестанецот го декласираше Ирецот, а нареден противник би требало да му биде поранешниот шампион Тони Фергусон. Борбата помеѓу двајцата борци беше договарана и одложувана неколку пати, а конечно пресметката би требало да се случи во 2019 година.

  • Се обидов да бидам добар кон тебе, но ти не престануваш. Слушам дека би се борел со Флојд Мејведер. Ти не би можел да боксуваш ниту против обична играчка. Гледам како ти и твојот тим работите на тоа за да избегнете ќотек. И понатаму продолжи вака, фановите и така ме сакаат повеќе од тебе. Јас сум вистински шампион, мајмуне, порача Фергусон.

Фергусон последниот меч го имаше во истата ноќ кога се бореа Хабиб и Мекгрегор, а тогаш Тони го нокаутираше Ентони Пети.