Connect with us

Кошарка

Јокиќ беше одличен но не може сам, Денвер пред испаѓање

Никола Јокиќ повторно беше одличен, но МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата е пред испаѓање од плејофот.

Феникс Санс го совлада Денвер Нагетс со 102:116 во третиот натпревар, со што стигнаа до водство од 3: 0 во серијата, па се на само победа од пласман во финалето на Западот.

Гостите го наметнаа својот ритам од самиот почеток, а Нагетси беа принудени да го бркаат резултатот, сè беше готово на почетокот на последната четвртина кога Санс во еден момент имаа +20.

Јокиќ го заврши мечот со трипл-дабл ефект од 32 поени, 20 скока и 10 асистенции, но тоа не беше доволно за неговиот тим да триумфира.

Во победничкиот тим се истакна Букер со 28, а Пол со 26 поени, Ајтон исто така одигра забележителна улога со 10 поени и 15 скока.

На истокот, Филаделфија ја совлада Атланта хоукс на гости со убедливи 111:127 и сега поведе со 1:2 во серијата.

Ембиид повторно беше на ниво со 27 поени, додавајќи девет поени и осум скока. За домашниот тим не помогнаја 28 поени од Јанг и 23 поени од Колинс.

Реклама

Facebook