Connect with us

Кошарка

Јокиќ: Овој плејоф ќе остане во нашите сеќавања, дадовме се од себе

Орландо, 27 септември 2020 (МИА) – Sвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е горд на перформансите на неговиот тим, и покрај тоа што беше елиминиран во финалето на Западната конференција.

„Златните грутки“ не успеаја да ја надминат класата на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и останатите играчи на Л А. Лејкерс и беа елиминирани во пет натпревари.

Сепак, Србинот е задоволен од карактерот што го покажа неговиот тим и му честиташе на противникот за победата.

– Дефинитивно овој плејоф ќе остане во нашите сеќавања. Во тимот имавме одлична група на играчи кои не престанаа да се борат до последниот момент. Победивме шест пати кога ни се закануваа со елиминација, но денес не се предадовме. Нашиот противник беше едноставно подобар и го доби натпреварот. На секој натпревар дававме се од себе, нашиот менталитет мора да остане ист. Да не се предаваме, да се трудиме и да си дадеме шанса да победиме на секој следен натпревар, сподели „Џокерот“ по натпреварот бр.5, загубен од страна на Денвер со 107: 117.