Connect with us

Ракомет

Јотиќ заминува од Битола – Еурофарм Пелистер прави простор за Марио Танкоски

Марио Танкоски се наоѓа пред потпис со Еурофарм Пелистер.  Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде послаб за средниот бек и повремен хрватски репрезентативец Ловро Јотиќ.

Репрезентативецот од таборот на Металург беше желба на битолчани уште додека овој амбициозен проект го носеше името Работник, а по зголемувањето на буџетот и фузијата со Пелистер, сега токму овој ракометар е главна желба на битолските „фармацевти“.

Јотиќ имаше договор на една сезона, со опција за уште една, но не ја искористи таа можност.