Connect with us

Други спортови

Јотовски елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Фогау

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во австрискиот град Фогау.

Јотовски по три сета претрпе пораз од домашниот тенисер Јонас Тринкер со 3:6, 6:2 и 7:6.

Третиот одлучувачки сет се играше речиси еден час, а Тринкер победата ја оствари во тај-брејк со резултат 10:8.

Турнирот се игра на земјена подлога и има награден фонд од 15.000 американски долари.