Фудбал
Јовиќ навистина има лоша среќа
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ пропушти уште една шанса да се докаже во Реал Мадрид.
Имено, Јовиќ пред неколку дена беше тестиран за коронавирус, а сега е потврдено дека резултатот е позитивен.
Затоа нема да биде на теренот во следниот период, а ќе го пропушти и дуелот од Купот против нисколигашот Алцојан.
Карло Анчелоти веќе најави дека шанса ќе добијат играчи со помала минутажа, а тоа важеше и за Јовиќ.
Сепак, тој нема да биде во комбинација.
Неодамна се појавија информации дека Јовиќ дефинитивно ќе остане во Реал до лето, иако претходно се шпекулираше дека зимава ќе замине на позајмица.
Јовиќ во Реал пристигна од Франкфурт за 60 милиони евра, а неговата моментална цена е 20 милиони евра.
Тој одигра 13 настапи оваа сезона и додаде еден гол и две асистенции.