Фудбал
Јовиќ влезе од клупа, па ја запечати судбината на Милан, не помогна ниту Ибрахимовиќ (ВИДЕО)
Фиорентина на домашен терен го совлада Милан го спречи да се искачи на второто место на табелата. Не беше толку добра Фиорентина, колку што не фунцкионираше играта на Милан. Домаќините поведоа со голот на Гонзалес од пенал во 49та минута. Сите дилеми ги реши Лука Јовиќ во 87-ма минута откако постигна убав гол со глава. Вреди да се напомене дека во игра влезе во 80-та минута. Хернандез погоди во 95-та за 2:1, но само да го ублажи поразот. На Милан не помогна ниту опоравениот Ибрахимовиќ кој во игра влезе во вториот дел.