Connect with us

Други спортови

Јубилејна 100. пол-позиција за Хамилтон

Актуелниот шампион во Формула 1, Луиз Хамилтон, стигна до јубилејната 100-та пол-позиција во својата кариера откако беше најбрз во квалификациите за ГН на Шпанија, која се вози на патеката „Каталуња“.

Британецот стана прв возач во Ф1 на кој му успеало да стигне до вакво достигнување.

Хамилтон зад себе ди остави Макс Верстапен и Валтери Ботас, додека во првите десет уште се и Леклер, Окон, Сајнц, Рикардо, Перез, Норис и Алонсо.

Трката за ГН на Шпанија се вози утре, во 15 часот.

Реклама

Facebook