Connect with us

Фудбал

Јунајтед, Арсенал и Челзи во трка за фудбалер од 120.000.000 евра!

Манчестер јунајтед, Арсенал и Челзи најмногу „кубурат“ на можеби најчувствителната позиција- дефанзивен играч за врска. Има малку вистински профили за споменатите тројца англиски великани, но еден од нив е Деклан Рајс. Затоа и не е чудно што сите се „залепија“ на капитенот на Вест Хем, кој го проценил на цели 120 милиони евра.

Јасно е дека Англичаните знаат да ги напумпаат цените на своите фудбалери, но нема да одат под зацртаната цел. Британските медиуми наведуваат дека најголеми шанси за потпис има Арсенал, кој отиде најдалеку во преговорите во однос на двата конкуренти. Лондонските клубови се на телефонска линија веќе неколку недели, но проблем наводно е разликата од 20 милиони за која не можат да се договорат.

„Топчиите“ се подготвени да одат до 100 милиони, што и онака би бил најголемиот трансфер во историјата на клубот. Одолговлекувањето би можеле да го искористат Јунајтед и Челзи, за кои парите не се таков проблем, па дури и тоа астрономски, доколку Арсенал брзо не се договори. Она што му оди во прилог е желбата на Рајс да игра во Лигата на шампионите, која Челзи не може да му ја понуди и поради тоа може да испадне од трката. „Чеканите“ не брзаат бидејќи би можеле да профитираат од целата ситуација и да го добијат тоа што го сакаат. Со тоа би бил срушен британскиот рекорд од 117 милиони евра, кој Манчестер Сити го плати Џек Грилиш за трансферот од Астон Вила во летото 2021 година.

Advertisement