Connect with us

Фудбал

Јунајтед бара 3 милиони евра за пријателска средба

Челниците на Манчестер јунајтед започнаа со планирање на следната летна турнеја за промоција на брендот на клубот.

„Црвените ѓаволи“ можат да играат пријателски против Источна Бенгала, клуб со седиште во Калкута. Челниците на Јунајтед се чини дека направиле увид на терен и се сретнале со некои од лидерите на индискиот состав.

Барањето што го направи англискиот клуб за пријателската средба е 3 милиони евра. Источна Бенгала бара спонзори за да го исполни условот кој го постави Јунајтед.