Connect with us

Фудбал

Јунајтед и Интер во преговори за Алексис Санчез

Иако пред неколку дена италијанските медиуми објавија дека Интер нема да ја продолжи позајмицата на Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед, сепак најновите информации велат дека двата тима стапиле во контакт за евентуално продолжување на неговиот престој во Милано.

Позајмицата на Алексис Санчез истекува на 30 јуни, па Интер сака да го задржи Чилеанецот најмалку додека не заврши сезоната, која секако е продолжена поради тоа што беше прекин поради пандемијата на коронавирус.

Сепак, се поставува прашањето дали Јунајтед ќе прифати, со оглед на тоа дека се наоѓаат во иста ситуација со нивниот позајмен играч Игало.