Поврзи се со нас

Фудбал

Јунајтед плаќа 58 милиони фунти за дефанзивец на Интер

Манчестер јунајтед е заинтересиран за трансфер на дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар. „Црвените ѓаволи“ веќе им испратија понуда на Италијанците во висина од 58 милиони фунти (65 милиони евра), пренесува „Goal.com“.

Шкрињар се пресели во Интер од Сампдорија летото 2017 година за 34 милиони евра. Договорот на дефанзивецот со Интер важи до 30 јуни 2023 година.

За фудбалерот се заинтересирани и Манчестер сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Оваа сезона, Шкрињар одигра 36 натпревари.

loading...

Facebook