Фудбал
Јунајтед подготвен за лудата идеја, новиот тренер 32-годишник?!
Манчестер Jунајтед не ја започна новата сезона како што треба, „црвените ѓаволи“ освоиа само девет поени по осумте кола од Премиер лигата.
Главниот виновник е Оле Гунар Солскјаер, при што челниците на „Олд Трафорд“ започнаа да размислуваат за неговата замена.
Името на Алегри прво беше споменато, но се споменуваше и Почетино. Сепак, неодамна медиумите во Англија известуваат дека е додадено ново, изненадувачко име на списокот на кандидати. Станува збор за Јулијан Нагелсман, кој во моментов е тренер на Лајпциг.
Долго време се шпекулираше дека тој е потенцијален тренер на Баерн, но во тоа време не беше ослободен од Хофенхајм. Во моментот, 32-годишниот фудбалер работи прилично добра работа во Лајпциг, но понудата од Манчестер Јунајтед би можела да биде примамлива за него.