Connect with us

Кошарка

Јута Џез убедливи во Чикаго против Булси

Кошаркарите на Јута Џез продолжија да имаат одлични натпревари оваа сезона, а синоќа убедливо ги победија Чикаго Булс со 120:95.

Јута Џез без поголеми проблеми стигна до победата во Чикаго против Булс, кои не се прикажуваат добро ниту оваа сезона. Од почетокот на мечот Џезерите имаа предност против Булс и на крајот заслужено славеа.

Гостинскиот тим до победата го предводеше одличниот Мичел кој постигна 30 поени, додаде шест асистенции и исто толку скокови. Одличен беше и Гоберт со 21 поен и десет скока, со девет скокови.

Во тимот на Булс, најдобар беше ЛаВин, кој натпреварот го заврши со 27 поени, седум скока и четири асистенции.

ЛА Клиперс синоќа беа подобри од Атланта хоукс со 119:110, додека Хјустон убедливо го совлада Торонто (117:99). Исто така, одличен натпревар одиграа Мемфис и Бостон, а натпреварот заврши со 132: 126.