Connect with us

Кошарка

Јута постави рекорд во последователни домашни победи

Тимот на Јута џез постави клупски рекордот по бројот на победи на домашен терен по ред.

Победата над Чикаго (113:106) остварена ноќеска во Солт Лејк Сити е 21. по ред за „џезерите“ во нивната арена. Оваа бројка е рекорд во историјата на клубот.

Јута се најде на првото место на табелата во Западната конференција од НБА –лигата со 37 победи и 11 порази.