Connect with us

Кошарка

Јута се засили на позицијата центар

Јута Џез се засили на позицијата центар со Ромар Гил.

26-годишниот кошаркар, роден во Јамајка, потпиша договор со „џезерите“, но деталите за договорот се уште не се познати.

Центарот висок 218 см не беше избран на драфтот оваа година, а во претходните две сезони играше за Универзитетот Сетон Хол.

Пред Сетон Хол, тој играше за Винсенс, а минатата сезона имаше просек од 7,8 поени, 5,6 скока и 3,2 блокади по натпревар.