Connect with us

Други спортови

Јутјубер го нокаутира поранешниот шампион на УФЦ: Остана беспомошен да лежи… (ВИДЕО)

Џејк Пол, познат Јутјубер, во реваншот го нокаутира Тајрон Вудли, поранешен шампион на УФЦ.

Џејк Пол на неговиот канал на Јутјуб го следат над 20 милиони корисници и е многу популарен, а во 2018 година ја одработи својата прва аматерска борба во бокс. Негов ривал беше Британецот Деџи Олатуњи, а во јануари минатата година почна со сериозен бокс.

Во првиот професионален меч Американецот победи уште еден Јутуберво првото коло – AnEsonGiba. Во ноември, на Пол му беа потребни само две кола за да се справи со поранешниот НБА кошаркар Нат Робинсон.

Во април минатата година, Пол го победи поранешниот борец на УФЦ, Бен Аскен, а потоа и поранешниот шампион во полутешка категорија на УФЦ, Тајрон Вудли.

Ноќта од сабота кон недела, Пол мораше да се соочи со најтешкиот предизвик во кариерата. Негов ривал требаше да биде Томи Фјури, непоразениот шампион во тешка категорија. Но, борбата не се случи бидејќи Фјури се повлече поради здравствени проблеми.

Наместо Фјури, Пол имаше реванш пресметка со Вудли. Иако резултатот од првата борба можеше да се сфати како изненадување, реваншот заврши со сензационален, тежок нокаут. На помалку од една минута до крајот на 6. рунда, Пол упати силен удар со десната рака, испраќајќи го на земја поранешниот шампион на УФЦ.

Експертите кои ја коментираат борбата сметаат дека Пол е се подобар од борба во борба и дека е се поискусен и поопасен во рингот.