Други спортови
Јутјубер нокаутираше ММА борец во рингот (ВИДЕО)
Во долгоочекуваниот комерцијален спектакл, познатиот јутјубер Џејк Пол беше подобар од поранешниот ММА шампион Нејт Дијаз. Во Далас борбата траеше сите десет рунди, а на крајот Пол на поени го доби овој меч. Натпреварот во арената каде играат Далас Маверикс беше распродаден, а меѓу многуте познати личности на натпреварот беше и Логан Пол, братот на Џејк, кој го прати до рингот.
Jake Paul defeats Nate Diaz by unanimous decision.
The bout went the 10-round distance, but Paul managed to knock Diaz down in the fifth round.
🎥 @KingChargeYTpic.twitter.com/ytrvivo0Uk
— The Athletic (@TheAthletic) August 6, 2023
Целата сала навиваше за Нејт Дијаз, но не му помогнаа ниту бројните свирежи упатени кон противникот. Познатиот Јутјубер уште од самиот почеток почна да напаѓа својот ривал, но Дијаз успеа да возврати во втората рунда. Во третата рунда конечно видовме сериозен удар од Пол, а од петтата рунда беше јасно дека и двајцата борци се многу уморни. Сепак, пред крајот на петтата рунда, Џејк Пол успеа речиси да го исфрли својот ривал од рингот со удар во брадата!