Connect with us

Фудбал

Јуве ги одби Борусија, Челзи, ПСЖ…

Јувентус одлучи да во своите редовен да го врати дефанзивецот Матија Калдара кој последните 18 месеци ги помина на позајмица во Атланта.

Одличниот стопер стана член на Старата дама во јануари 2017 година, но година и пол играше за тимот од Бергама, а Јуве одлучи да го врати ова лето.

Калдара одигра одлично во Аталанта. Неговите игри привлекоа многу тимови, а Бианконери одбија дури три понуди за него.

Најголема понуда испрати Борусија Дортмунд. Германскиот гигант испрати понуда од 35 милиони евра плус пет милиони евра во бонуси.

Челзи и ПСЖ испратија понуди од 30 милиони евра, но сите три понуди беа одбиени од страна на Италијанскиот гигант од Торино. Ова е знак дека Старата дама сериозно смета на 24-годишниот фудбалер кој е обврзан со договор до летото 2022 година.