Connect with us

Фудбал

Јуве пука по шавовите! Роналдо сам одлучува кога и каде ќе игра?!

Познатиот италијански весник „Кориере дела Сера“ открива дека во соблекувалната на Јувентус има голем проблем во комуникацијата помеѓу тренерот Андреа Пирло и некои играчи и дека Роналдо самиот донел одлука да не игра против Беневенто во Серија А.

Истиот извор наведува дека Пирло ги изведувал конците на теренот, дека многу играчи се жалат дека не знаат што точно се бара од нив и дека организацијата е катастрофална.

Роналдо наводно од првата минута решил да го игра натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо од Киев, иако Старата дама веќе обезбеди пласман во следната фаза, а тој се одмори на своја иницијатива против Беневенто.

Јуве потфрли во Серија А, и останува да видиме што ќе се случи следно…