Фудбал
Јувентус без конкуренција во Италија, девета титула во низа
Јувентус вечерва ја одбрани шампионската титула во Италија, или поточно речено ја освои и математички на две кола до крајот деветата во низа титула. Избраниците на Маурицио Сари славеа на домашен терен со 2:0 против Сампдорија и го обезбедија насловот.
Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Бернадески. Португалецот не реализираше пенал во 89-та, а со тоа пропушти можност да се доближи на минус два гола на Имобиле во трката за титулата најдобар стрелец. Имобиле има 34, а Роналдо 31 гол, па во последните две кола ќе се одлучува кој ќе ја добие “златната копачка” во Италија.
Инаку, за Јувентус ова беше 35-та титула и секако е најтрофејниот италијански тим.