Connect with us

Фудбал

Јувентус дава 15 милиони евра за 18-годишниот фудбалер, Сантос сака двојно повеќе

Напаѓачот на Сантос, Кајо Хорхе го привлече вниманието на Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.

Јувентус е подготвен да плати 15 милиони евра за 18-годишниот талент, но Сантос сепак бара 30 милиони за играчот со кого има договор до 2021 година.

Бразилецот своето деби за првиот тим на Сантос го направи во септември 2019 година, кога немаше ни 17 години. Тој постигна еден гол на шест натпревари за првиот тим.

Кајо е само еден во низата врвни бразилски напаѓачи, а се верува дека Јуве не е единствениот голем што го сака.

“Ако нема соодветна понуда, тој ќе остане со нас до крајот на сезоната. Јувентус побара информација, но сè уште не дал официјална понуда. Ние сме отворени за преговори”, изјави претседателот на Сантос, Жозе Перез.