Фудбал
Јувентус дава помалку – Роналдо има огромни придобивки од Инстаграм!
Кристијано Роналдо доминира не само на теренот, туку и надвор од него. Португалецот е „крал“ на социјалните мрежи. Најпосетуваниот профил на Инстаграм во светот е токму на CR7, со вкупна бројка од 186 милиони следбеници.
Оваа бројка на напаѓачот на Јувентус му носи заработка од 43 милиони евра преку Инстаграм. Сосема голема бројка, доволна за да се спомене фактот дека Роналдо има плата од 30 милиони евра во Торино, додека Инстаграм му носи цели 13 милиони повеќе.