Фудбал
Јувентус загрижен за CR7, доаѓа клупското соопштение
Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо е под знак прашалник за натпревар против Парма. Португалецот, како што потврдија црно-белиот клуб, не присуствуваше на тренингот во четвртокот.
Во извештајот објавен од Јувентус се вели дека 34-годишниот напаѓач, кој има договор до 2022 година, го пропушти тренингот поради болест.
Португалскиот напаѓач се очекува да го пропушти натпреварот против Парма, но исто така тој го пропушти и претходниот натпревар против Удинезе во Купот на Италија.