Connect with us

Фудбал

Јувентус го користи Пјаниќ за да донесе големо засилување од ПСЖ

Италијанските медиуми објавија пред неколку недели дека Јувентус сериозно размислува да го продаде Миралем Пјаниќ на крајот од оваа сезона.

Шпекулациите продолжуваат веќе неколку недели за тоа дека Пјаниќ може да ја напушти „Старата дама“ ова лето, а како што пренесуваат италијанските медиуми, ПСЖ покажа најголем интерес за Пјаниќ.

„Тутпорт“ денес објави дека во Јувентус се обидуваат да го искористат интересот на парижаните за Пјаниќ, со што ќе донесат еден од француските шампиони.

Челниците на Јувентус, наводно го понудиле Миралем Пјаниќ на ПСЖ, но тие сакаат во трансферот да го вклучат Марко Веррати. Но, како што пишува „Тутоспорт“, оваа идеја не му се допадна на ПСЖ.

Во Јувентус веруваат дека Верати одлично би се вклопил овој тим. Сепак, многу интересно тоа што овој репрезентативец на Италија никогаш не играла во Серија А.

ПСЖ го донесе Верати од Пескара во 2012 година додека овој клуб се уште беше во Серија Б. Но, дали тој наскоро ќе игра во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал останува да се види.