Connect with us

Фудбал

Јувентус го открива планот на Роналдо во 2020. година

Фабио Паратичи и Хорхе Мендес потврдија дека Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус до крајот на неговиот договор.

Сепак, Португалецот се појави многу несреќен откако загуби во Суперкупот на Италија против Лацио, а „Кориере дело Спорт“ ја анализираше ситуација на Португалецот.

„Целта следната година е да биде негова година, онаа во кој ќе ја освои шестата Златна топка и може да успее само ако бележи одлични настапи со Јувентус и со Португалија на Европското првенство“, пишува италијанскиот весник.

“Тој си постави цел да победува и да постигнува голови, без промена на тимот затоа што е среќен во Торино и има уште две и пол години од договорот. Како што уверува неговиот менаџер Хорхе Мендес, Кристијано не размислува да ја напушти Италија и во следното финале ќе игра со „Бјанконерите“, резултатот треба да биде поразличен од оној во Ријад“.