Connect with us

Фудбал

Јувентус го предизвикува Интер за поранешниот играч на Милан

Јувентус има доста добри фудбалери, но изгледа дека ново име ќе му се приклучи на „Бјанконерите“ во јануарскиот преоден рок.

Тренерот Сари сака да има во тимот алтернатива за Гонзало Игуаин и клубот се заложи за исполнување на техничкиот услов.

Меѓу имињата на списокот на шампионот на Италија е Андреа Петажна. Напаѓачот на СПАЛ ги има карактеристиките на играчот што ги бара Јувентус.

Проблемот е што за поранешниот играч на Милан е заинтересиран и Интер, и тренерот Конте го гледа 24-годишниот фудбалер како идеална алтернатива за Ромелу Лукаку.