Connect with us

Фудбал

Јувентус го претстави дресот за новата сезона, реакцијата на навивачите не е баш најдобра

Јувентус оваа сезона остана без трофеј, а клубот од Торино веќе се подготвува за новата сезона.

Старата дама сезонава ги разочара своите фанови бидејќи за прв пат по речиси десет години останаа без ниту еден освоен трофеј.

Јувентус веќе се подготвува за новата сезона која сигурно ќе биде полна со предизвици бидејќи навивачите очекуваат Старата дама да се врати на самиот врв.

 

Дека од Јувентус ги почнаа подготовките за новата сезона потврдија и утринава бидејќи ја претставија првата гарнитура на дресови во кои оваа екипа ќе настапува следната сезона.

 

Старата дама ја продолжи соработката со Адидас кој го подготви дресот во традиционалната црно-бела боја, но дизајнот малку ги изненади навивачите на Јувентус.

Црните линии се направени на многу интересен начин и сигурно е дека овој дрес на Јувентус изгледа доста интересно. Првите реакции на фановите не се најдобри, но само поради фактот што дизајнот е навистина неочекуван.

Јувентус најголемиот дел од натпреварите ќе ги игра во овие дресови бидејќи е домашна екипа, а наскоро треба да бидат претставени и преостанатите две комплети дресови за новата сезона.

 

 

Реклама

Facebook