Фудбал
Јувентус го заврши трансферот од Барса: Се ќе биде официјално пред продолжувањето на сезоната
Јувентус и Барселона се блиску да се договорат за трансферот на 23-годишниот Артур Мело.
„Мундо Депортиво“ објави дека младиот Бразилец е желба на Јувентус и дека клубот е на работ да го донесе од Ноу Камп.
Артур ја загуби стартната позиција кај новиот тренер Кике Сетиен и има одиграно само четири пати од првата минута на последните 11 натпревари. Јувентус сака да ја заврши работата пред да продолжат фудбалските првенства.
„Старата дама“ е подготвена да плати 30 милиони евра и да го испрати Миралем Пјаниќ или Федерико Бернардески во Барселона, кои Барса сакаше да ги донесе и минатото лето.
Бразилецот е среќен во Барселона и нема намера да оди, но јасно е дека Каталонците поради пандемијата на коронавирусот се во таква ситуација што ќе мора да се откажат од некои „помалку важни“ фудбалери. Очигледно Артур е меѓу нив.