Фудбал
Јувентус и Барселона се судрија на пазарот, во потрага по 16-годишниот Французин!
Франција е една од земјите што произведува многу таленти последниве години, доволно е да се споменат имиња како Мбапе, Коман, Дембеле, Марсијал или Лукас Ернандез и Павард.
Така, Франција стана една од најпознатите „окупирани“ земји од извидници, кои се чини дека забележале 16-годишник. Станува збор за Лени Лакрокс. Дефанзивецот, кој е во редовите на Мец е на списокот со желби на Барселона и Јувентус.

Според „РМЦ Спорт“, двата големи клуба оствариле контакти со Мец, каде ја направиле својата прва понуда за Лакрокс. 16-годишниот фудбалер игра во центарот на одбраната и се смета за еден од најопасните играчи за негова возраст. Сега останува да се види кој ќе биде неговиот избор, „Бјанконерите“ или „Каталонците“…