Connect with us

Фудбал

Јувентус и Барселона започнаа разговори, се очекува голема размена

Јувентус и Барселона имаат добри односи меѓу нив. Двата клуба соработуваа претходно и вакво нешто може да се случи во јануари. Италијанците и Шпанците разговараа за иднината на Емре Џан и Иван Ракитиќ.

И двајцата играчи не најдоа позиција во стартниот составот оваа сезона. На тренерот Валверде не му се допаѓа Хрватот и го замоли да пронајде нов клуб, истото се случи со Сари и Џан, кој дури не е вклучен во списокот на играчи за Лигата на шампиони.

Ракитиќ и Џан можат да го прифатат овој потег. Јувентус ке добие искусен играч кој добро би можел да соработува во средниот ред со Пјаниќ, додека Барселона ќе го добие Емре Џан кој не успеа да се пробие во Торино. Заминувањето од Ливерпул не беше лесно за него и се чини дека направи голема грешка. Размената би било убаво изненадување и ново искуство за двата играчи.