Connect with us

Фудбал

Јувентус и Интер заинтересирани за Кавани

Рим, 26 август 2020 (МИА) – Шампионот Јувентус и вицепрвакот на Италија, Интер влегоа во трка за уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Селекторот на Јуве, Андреа Пирло најави дека не смета на напаѓачот Гонзало Игуаин, па на клубот му треба играч во офанзивната линија. Експертите го оценуваат 33-годишниот Уругваец како идеална замена.

Сепак, Јувентус сега има сериозен ривал во Интер, кој влезе во преговори со напаѓачот.

Претходно, Кавани го напушти ПСЖ како слободен агент. Во сезоната 2019/20, напаѓачот одигра 22 натпревари за парижаните и постигна седум гола со три асистенции. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com