Connect with us

Фудбал

Јувентус испрати предупредувачка порака до шест играчи!

Секој пораз кај Јувентус предизвикува мал „земјотрес“, така беше и последниве денови по една навистина ужасна и непрепознатлива партија против Верона.

Иако Јувентус сеуште се бори за сите три трофеи во клубот од Торино, алармот се вклучува по секој пораз, поради што требаше да реагираат претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Парати.

Ањели вечераше со Маурицио Сари и разговараа за моменталната состојба на тимот и што треба да се промени бидејќи на тимот му недостасува решеност и волја за победа, особено во Серија А.

Претседателот на Старата дама беше и во кампот за обука, каде собираше информации од Павел Недвед и Паратити. Шест играчи ќе бидат под лупа до крајот на сезоната.

Миралем Пјаниќ, Блез Матуиди, Федерико Бернардески, Даглас Коста, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин се играчи кои треба да ја подобрат формата како што напредува сезоната, или може да заминат во текот на летото.

Од нив беше побарано да дадат се од себе за да ја продолжат сезоната. Тие ќе имаат шанса да се докажат во четврток кога Јувентус гостува кај Милан во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.