Connect with us

Фудбал

Јувентус ја започнува сезоната, Сари се плаши од Милан! „Особено сега, кога стануваме од кревет после 3 месеци“

Маурицио Сари, по долго време зборуваше за „Скај“, во пресрет на продолжувањето на сезоната, каде неговиот Јувентус е во трката за три трофеи, во купот, во првенството и во Лигата на шампиони.

Сè започнува против Милан, на стадионот „Алијанц“, по ремито од 1:1 на „Сан Сиро“ во февруари од Купот на Италија.

„Продолжувањето на Купот ни дава можност да се фокусираме ио да се мотивираме. Натпреварот со Милан е секогаш тежок, противник што создава проблеми за нас. Реванш мечот не ни гарантира ништо“, рече Сари

„Формата на играчите? Никој не ја знае! Овој прекин беше непредвиден. Ние дури и не игравме пријателски, 3 месеци играчите не мрднаа од кревет… Размислете малку! “

Што се однесува до трката за титулата, тренерот на црно-белите рече:

 „Кога остануваат 12 или 13 натпревари за игра, има многу шанси за секого. Лесно е да се изгубат поени кога цело време патувате и игра на секои 3 дена“.