Connect with us

Фудбал

Јувентус му нуди на Кедира три милиони евра за прекин на договорот, Германецот бара двојно повеќе

Торино, 29 септември 2020 (МИА) – Јувентус не може да се договори со играчот за врска Сами Кедира да го раскине договорот, којшто е со важност до јуни 2021 година.

Триесет и тригодишниот Германец сака да добие обесштетување во висина од шест милиони евра, пренесува „Фудбал Италија“.

Од друга страна, клубот му нуди околу 3 милиони, објави новинарот Николо Скира.

Претходно се дозна дека за Кедира е заинтересиран ПСЖ. зс/