Connect with us

Фудбал

Јувентус на крајот на зесоната започнува преговори со тренерот што е желба на секој клуб

Јувентус претрпе неочекуван пораз изминатиот викенд од Верона (2:1), оставајќи ја лидерската позиција на табелата повторно во Интер.

Старата дама беше голем фаворит на гостувањето кај Верона, но тие завршија со шокантен пораз. Ова го искористи Интер кој се врати на првото место во Серија А со победа над Милан (4:2), со 54 поени исто како Јуве, но подобра гол разлика.

По натпреварот со Верона, навивачите на Јувентус најмногу го критикуваа Маурицио Сари за тоа што не се задоволни од она што го прави овој тренер. Сари летово ја презеде клупата на Старата дама, но Јуве повеќе не доминира во Италија како порано.

Дури и италијанската јавност смета дека Сари не ја исполнил оваа задача и дека на крајот на сезоната тој сигурно ќе биде отпуштен доколку не успее да ја освои Лигата на шампионите.

Веќе има значителни шпекулации дека размислуваат за нов тренер во Јувентус, а како што пишува „Ла Газета дело Спорт“, прва желба на „Старата дама“ е Пеп Гвардиола. Јуве ќе се обиде да влезе во преговори со тренерот на Манчестер Сити, кого го сметаат за идеално решение за иднината.

Најважно за нив е што Гвардиола има искуство да ја освои ЛШ како тренер како што тоа го стори во два наврати со Барселона. Но, дали ова ќе биде невозможна мисија или Гвардиола ќе биде заинтересиран за понудата на Јувентус, останува да се види на крајот на сезоната.