Фудбал
„Јувентус не ја сака титулата? Ја ценам нивната одлука“
Јувентус нема намера да ја освои титулата италијански шампион на зелената маса.
Серија А е во пауза од почетокот на мај поради пандемијата на коронавирусот, при што првиот човек на италијанскиот фудбал Габриеле Гравина даде се од себе за да ја продолжи сезоната.
Се шпекулира дека првенството би можело да продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни, а Гравина го пофали Јувентус кој најави дека нема да ја прифатат титулата на зелената маса и сакаат првенството да продолжи.
„Државниот совет е единствениот кој може да ја додели титулата шампион, но јас многу го ценам ставот на Јувентус. И јас сум за тоа титулата се додели на теренот“, рече Гравина.
Јуве имаше минимална предност пред Лацио пред да се прекине првенството. „Бјанконерите“ освоија 63 поени на 26 одиграни натпревари, еден повеќе од „Небесно сините“ од Рим.
Нема натпревари во северот на Италија?
Северната Италија, особено регионот Ломбардија, е најпогодена од коронавирусот.
Италијанската фудбалска федерација затоа сериозно размислува да не игра натпревари во градовите на северот, како што се Милано, Бергамо, Бреша или Кремона, и да го преместува фудбалот во централниот и јужниот дел на земјата.
Оваа опција е многу реална и може да го врати фудбалот во Италија кон крајот на мај или почетокот на јули.
Она што е секако јасно е дека фудбалот на Апенините сигурно ќе се врати во следните месеци, а ќе видиме какво решение ќе се најде.