Connect with us

Фудбал

Јувентус не може да ги чека Суарез и Џеко, контактиран нов друг напаѓач

Јувентус е во потрага по замена за Гонзало Игуаин кој заминува ова лето. Најнапред се спомнуваше Един Џеко, дека е на чекор до трансфер во Торино, па потоа се појави инфо дека таа зделка е стопирана и дека Луис Суарез кажал ДА на Јувентус.

Сепак, со оглед на тоа дека Суарез треба да се договори со Барселона за раскин на соработката, а Един Џеко се уште не е сигурен, Јуве не може да чека. Како што пишуваат италијанските медиуми, „Старата дама“ го контактирала Единсон Кавани за да види какви се шансите да се пресели кај нив.

Првиот обид беше неуспешен, со оглед на тоа дека Кавани одбива да потпише за тим кој е конкуренција на Наполи. Кавани е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com